ЗАЕДНО РАСТЕМЕ!

Успешни Приказни

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, со реализирани 4 инвестици во износ од 400.000 евра, во стартап – тимовите на Матриошка, Vision Dynamix, Брамел и Концептива. 

,,Искуството со менаџерскиот тим на Х Фактор Акцелератор беше од особена важност за раст на стартапот. Не само што ја придвиживме идејата напред, туку дојдовме до трајни пријателства и проширени мрежи кои ќе продолжат да растат и во иднина."

Софија Дацева
CEO, Matrioshka DOOEL SKOPJE

,,Акцелераторот ни помогна да се фокусираме на процесот на развој на клиенти и брз излез на нови пазари. Го препорачувам за сите стартапи на кои што им е потребна експертска и финансиска поддршка за профитабилен и брзорастечки бизнис."

Душко Муртовски
CТО, VISION DYNAMIX SKOPJE

,,Кога водите стартап, најголемата вредност е да се поврзете со истомисленици кои располагаат со вистинските алатки, искуства и мрежи за да заеднички го издигнете бизнисот на следното ниво. Тимот на Х Фактор Акцелератор е правилниот партнер за тоа"

Калина Трајаноска
CEO, Konceptiva

,,Неверојатно позитивна атмосфера на споделување знаење, искуства, експертиза и поддршка кои искрено ги препорачувам на секој стартап во рана фаза. Тимот на Х Фактор Акцелератор за брзо време станува клучен партнер во бизнисот со поддршка на повеќе фронтови"

Aleksandar Ackovski
CEO, Konceptiva

Со Х Фактор ,,Акцелераторот го добивме вистинскиот партнер кој безрезервно се вложува и придонесува за надминување на сите бизнис предизвици. Тие се значаен дел од Brummell за успех на стартапот и креирање на првата светска елегантна мото опрема"

Нина Левиќ
CEO and co-founder , Brummell
10 +
Апликации
0
Mенторирани стартапи
0
Демо дена
0
Презентации
0
Инвестиции

Како до инвестиција?

АПЛИКАЦИЈА

Испратете краток опис на вашата бизнис идеја со пополнување на кратката апликациска форма. Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза.

РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈАТА

Селектираните тимови треба да ги доразвијат своите првични бизнис концепти низ процес на пополнување на долгата апликациска форма.

Целта е да се претстави идејата во формат на бизнис план, со финансиски проекции, за да се утврди вистинскиот потенцијал за раст на бизнисот.

МЕНТОРСТВО

Тимовите со најголем потенцијал ќе бидат вклучени во предакцелераторската програма каде низ процес на реализирање групни тренинзи и индивидуални менторски сесии ќе се стекнат со практични вештини за раст на своите бизниси.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Процесот завршува со организирање на ДЕМО ДЕН каде сите селектирани тимови ги презентираат своите бизнис идеи пред членовите на Комитетот за одобрување инвестиции. Тие ја носат финалната одлука за тоа кои стартап тимови имаат најголем потенцијал да развијат успешен бизнис, што е основа за инвестициска одлука и старт на стратешко партнерство со Х Фактор Акцелератор.

Наши партнери

ЗАЕДНО РАСТЕМЕ!